Во Њујорк се отстранува статуата на Томас Џеферсон – бил робовладетел


Градот Њујорк го одобри предлогот за отрстранување на споменикот на Томас Џеферсон, еден од втемелувачите на Соединетите Држави, од Градското собрание во кое се наоѓа повеќе од еден век, поради неговото робовладетелско минато.

Градските власти едногласно го усвоија предлогот за отстранување на статуата на Томас Џеферсон, кој е еден од авторите на Декларацијата за независност на САД.

Џеферсон на својата плантажа во Вирџинија во заробеништво држел повеќе од 600 робови и робинки, а со една робинка имал шест деца.

Отстранување на статуата од собранието веќе неколку години бараат латиноамерикански и црнечки градски советници.

Треба да биде премесетен

Се очекува статуата да виде преместена во салата на Историското друштво на градот Њујорк.

Третиот американски претседател, „Томас Џеферсон испишува некои од најсрамните страници во долгата и богата историја на нашата земја“, вели афроамериканската советничка на градот Њујорк, Адриен Адамс.

Расправата за присутноста на овој споменик во просториите на Градското собрание на Њујорк ја оживеа движењето „Црнечките животи се важни“ (Black Lives Matter), покренато од насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Во мај 2020 година, него во Минеаполис со колено на грлото го притисна полицаец – белец.