Во Конго повторно се шири вирусот на ебола, СЗО упати тим епидемиолози


 

Вирусот на ебола повторно се шири на истокот на Демократската Република Конго каде Светската здравствена организација упати тим свои епидемиолози по смртта на една жена од таа болест и три месеци по прогласување на крај на претходната епидемија.

„Вирусот на ебола повторно се појави на искокот на ДРК“, рече конгоанскиот министер за здравство Етени Лонгондо за државната телевизија.

Потврдено е дека жената умрела на 3 февруари во околината на Биена, на истокот на земјата, и дека анализата на примерокот од крв покажала дека била позтивина на вирусот ебола.

Африканската канцеларија на СЗО соопшти дека во селото Биена епидемиолозите на СЗО водат истрага на терен и дека се откриени 70 контакти на починатата.

Овој нов случај оријавен е откако на 18 ноември лани, официјално беше прогласен крај на единаесеттата пандемија на ебола во покраината Еквадор на северозапад, која однесе 55 животи од 130 пријавени случаи.

Последниот заболен од ебола оздравел на 16 октомври 2020 година.

Министерот за здравство во неделата прогласи 12-та епидемија од ебола, но кон средината на ноември предупреди дека во Конго постои „постојана опасност од повторно избивање на ебола“.

Вирусот ебола во 1976 годиа го откри Петер Пиот и меѓународен тим, во кој беше и конгоанскиот професор Мујебе, а се пренесува од заразено животно на човек. Од човек на човек се пренесува со телесни течности, а главни симптоми се темепратура, повраќање, крварење и дијареа.