Во јуни во Македонија регистрирани вкупно 329 пожари


 Директорот на ЦУК, Мухамед Али, денеска на прес-конференција информираше за актуелната состојба со пожарите кои се регистрирани од јуни годинава заклучно со денес.

Директорот соопшти дека во месец јуни се регистрирани вкупно 329 пожари, од кои 12 се шумски пожари, а 317 пожари се на висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и на депонии.

Во месец јули, заклучно со денешниот ден, се регистрирани вкупно 288 пожари, од кои 26 се шумски пожари, а 262 пожари се на висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и на депонии (ѓубришта).

Центарот за управување со кризи ги повикува граѓаните на зголемена претпазливост и одговорно однесување, особено во услови на високи температури и суво време, со цел спречување на понатамошни пожари и заштита на животната средина.