Во Јапонија откриен досега непознат сој на корона вирусот
Маж на возраст од 60 години, кој стигнал во Јапонија од Филипините во февруари, бил заразен со нов, засега непознат, сој на вирусот, соопштило денеска министерството за здравство на Јапонија, од каде наведуваат дека тоа е прв случај на тој сој.
Досега непознатиот тип на коронавирусот се разликува од соевите кои се откриени во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил, но се верува дека претставува подеднаква закана како овие соеви.
Машкото лице има повеќе од 60 години и дошол преку аеродромот „Нарита“ во Токио на 25. февруари. Бил асимптоматски случај.
Неговиот тест се покажал позитивен на тестирањето на аеродромот, односно во миговите кога минувал задолжителен карантин.