Во изборната единица на Ангела Меркел победила СПД


Ангела Меркел неприкосновено ја водеше Германија 16 години (Фото: АП)

Како знак колку се катастрофални овие избори во Германија за ЦДУ/ЦСУ покажува и податокот дека во изборната единица на Ангела Меркел, каде што таа е директно избрана во Бундестагот, победила левичарската Социјалдемократска партија. Меркел го добива директниот мандат на осум последователни гласања од 1990 година.

Уредникот на „Билд“, Јулијан Рајхелт, на Твитер напиша: „Историска катастрофа за ЦДУ“.

Според една постизборна анализа, 56 отсто од оние што гласале за ЦДУ/ЦСУ изјавиле дека Армин Лашет имал катастрофален ефект на резултатот на партијата, додека само 11  проценти рекле дека тој ѝ помогнал на партијата. За разлика од нив, дури 70 отсто од гласачите на СПД изјавиле дека Олаф Шолц ѝ помогнал на партијата да го оствари овој резултат. Интересно е што СПД има големи успеси кај постарата популација, што досега беше поле на доминација на ЦДУ.