Во Италија од почетокот на годинава убиени се 99 жени, повеќе од една третина од нив постари од 65 години


Во Италија од 1 јануари до 18 ноември годинава се убиени 99 жени, се наведува во извештајот на Институтот за економски и социјални истражувања „Еурес“.

Во извештајот се наведува дека повеќе од една третина од овие жени, 37 отсто, имале над 65 години и дека во повеќето случаи тие биле убиени од брачниот другар или некое од нивните деца, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Според извештајот, бројот на странски жртви на фемицид во Италија се зголемил од 17 минатата година на 24, што е речиси четвртина од вкупниот број (24,2 отсто).

Бројот на сторители на фемицид кои не се Италијанци се намали од 23 на 16, што е намалување за 30,4 отсто, соопшти агенцијата.