Во Италија четири лица починаа по вакцинирањето со „АстраЗенека“


Четири лица во Италија починаа од ретки згрутчувања во крвта по вакцинирањето со „АстраЗенека“, покажа извештајот на националната фармацевтска агенција АИФА објавено е денеска.

Според овој извештај, различни нуспојави потврдени се кај 0,5 отсто од 9 милиони дози вбризгани меѓу 24 јануари и 26 март и тоа со примена на вакцини од три производители – „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Модерна“.

Тешки нуспојави потврдени се кај 0,04 отсто од случаите. Благи нуспојави потврдени се по примањето на сите три различни вакцини, наведува АИФА. Најчесто тоа биле симптоми како грип, болка на местото на убодот и умор.

Како и многу други европски држави, Италија накрусо во март го прекина вакцинирањето со „АстраЗаенека“, кога се појави загриженост поради појавата на крвни згрутчувања. Оттогаш повторно продолжи вакцинацијата со таа вакцина, но само за лица постари од 60 години, откако европските регулатори заклучија дека користа од вакцинирањето далеку го надминува ризикот.

Во Италија кај 11 луѓе се разви еден од двата типа крвни згрутчувања по примањето на „АстраЗенека“ – церебрална венска синусна тромбоза (CVST) и тромбоза. Од тие 11 луѓе, четворица починаа.

„АстраЗенека“ објави дека проучува за да ја разбере природата на тие поединечни случаи и ги истражува „можните механизми кои ќе ја објаснат таа крајно ретка појава“.