Во Индонезија голем пораст на бројот заразни со Ковид-19, сѐ повеќе заразени се деца


 

Бројот на деца заразени со корона вирус во Индонезија порасна речиси три пати од мај, а смртноста на новороденчиња од Ковид-19 нагло порасна во земјата која се бори со најтешкиот бран од заразата досега, рече во средата водечкиот педијатар.

Индонезија во јуни забележа пораст на бројот заразени со корона вирус меѓу кои и рекорди во заболени за шест дена, од 21 јуни. Во средата бројот на новозаболени изнесува 21.807, што е дневен максимум. Од Владата се очекува да воведе поостри мерки.

Претседателот на индонезиското педијатриско здружение Аман Пулунган, рече дека неделниот број смртни случаи кај деца поради Ковид-19 минатата седмица се зголемил на 24 од 13, колку што починаа недела претходно, а многу од жртвите се помали од пет години.

Тоа е поголема стапка од вкупниот пораст на пројот починати од корона вирус во истиот период, кога во земјата од 1.783 смртни случаи бројот се зголеми на 2.476.

Аман изјави дека заразата многу брзо се шири меѓу малолетниците.

Инфекцијата се шири

„Инфекцијата се шири. Во средината на мај имаше околу 2.000 до 2.500 случаи неделно“, рече Аман. „Минатата недела забележавме повеќе од 6.000 новозаразени.“

Според официјалните податоци, процентот на вкупниот бројз аболени помлади од 18 години во јуни се зголеми на 12,6 отсто, а во јули лани беше 5 отсто. Нама забележува дека и сега повеќе деца се тестираат.

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо оваа недела објави дека властите одобриле вакцинација на деца од 12 до 17 години со кинеската „синовак“.

Аман рече дека педијатрите веќе воочуваат случаи на „втор Ковид-19“, исцрпувачки и долготрајни симптоми кои траат со месеци.

Порастот на бројот новозаразени деца Аман го припишува на уморот од пандемијата и недостатокот од знаење.

„Не се работи за делта сојот, туку за системот“, рече тој мислејќи на варијантата која прв пат е откриена во индија.

„Помалку тестирања, помалку следења. Луѓето сѐ уште мислат дека децата не може да страдаат и да умираат од Ковид. Нивото на свест е ниска“, предупреди индонезискиот педијатар.