Во Грција од денес поскапа патарина, во Македонија не се најавува зголемување на цената

Јавното претпријатие за државни патишта не планира даја зголеми цената на патарината, по најавите од Србија и од Грција дека же го направат тоа, иако нов ценовник по изминат километар нема веќе петта година.
Нови цени, во просек повисоки за 30 до 35 отсто, од вчера се воведени на патарините на автопатот Егнатија во северна Грција, што се протега од Игуменица на запад до границата со Турција кај Кипи на исток. Претходно и Србија објави дека од 1 јануари годинава се менува методологијата на наплата по Моравскиот коридор и ќе се вкалкулираат трошоците за вијадукти, мостови и тунели.
Претходно на секои пет години се менуваат тарифниците за патарина во Македонија. Во 2009 тогашната власт донесе рецесивна мерка да се намалат цените, но во 2014 се врати стариот ценовник. Во 2019 со новата одлука во просек поскапе наплатата, затоа што се воведоа повисоки цени за новите наплатни пунктови на новите автопати кои беа пуштени во употреба.
Последна активност што „Државни патишта“ ја објави во врска со патарините е од пред неколку дена дека се спроведува проектот за електронска наплата низ Коридорот 8. Во тек се градежните и инсталатерски работи на наплатните станици Глумово и Желино на автопатската делница Скопје – Тетово и се очекува тие да бидат во функција за електронска наплата во најскоро време.