Во Грција од 1 февруари нема пристап до некои места без бустер доза

Сите кои до 1 февруари нема да примат дополнителна, трета доза вакцина против Ковид-19, во Грција нема да може да пристапат до места резервирани за вакцинирани, рече грчкиот министер за здравство Танос Плеврис.
„Од 1 февруари сите кои не примиле дополнителна доза вакцина протви корона вирусот, а поминале седум месеци од претходната, втора доза ќе се сметаат за невакцинирани“, реле Плеврис на Ант1.
„Потврдата ќе биде валидна и понатаму затоа што се работи за европски сертификат кој важи девет месеци, но тие лица повеќе нема да можат да користат предности како пристап до затворени простори резервирани за вакцинирани лица“, појасни министерот.
Пораст на бројот заразени
Во Грција досега против Ковид-19 вакцинирани се повеќе од седум милиони од вкупно 11 милиони жители, а повеќе од 3,9 милиони луѓе примија и дополнителна доза.
Соочена со нагло растење на бројот заразени со омикрон, грчката влада на 29 декември најави нови мерки, меѓу кои се најде и забраната за пуштање музикаво баровите и рестораните, со цел да се ограничи излегување за Нова година.
Работата на далечина и во приватниот сектор порасна од 20 на 50 отсто.
Максата FFP2 или две хируршки амски една преку друга станаа задолжителни за персоналот во угостителскиот сектор и за одење во супермаркети или возење со јавен превоз.
Досега од корона вирус починаа повеќе од 21.000 луѓе
Од почетокот на пандемијата во Грција се евидентирани 1.489.024 случаи со корона вирус.
Атина и Солун, двотриот најголем град во Грција каде живеат речиси половина од целокупното население на Грција, се најпогодени со омикрон варијантата, соопштија властите.
На 14 декември имаше рекордни 140 починати во еден ден од последиците на корона вирусот, а одтогаш бројот падна под 100 дневно.
Во саботата од полседиците на Ковид-19 починаа 65 луѓе, а досега се забележани 21.328 смртни случаи.