Во Грција измерени 46,3 степени Целзиусови – најмногу во историјата на земјата


Грчкиот град Макракоми во регионот Фтиотида забележа највисока температура во историјата на земјата.Метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина (НОА) регистрираше 46,3 степени Целзиусови, пишува Грик репортер.Оваа температура, освен во Грција, беше највисока во Европа во понеделникот.

Поради високите температури, Грција е погодена од серија големи пожари.Грчките пожарникари не успеаја да го локализираат џиновскиот пожар што се приближи до северните предградија на Атина.Пожарот ги зафати населените места Варибоби и Ахарнес, поради што илјадници жители се во бегство. Жителите добија предупредувања и СМС пораки од цивилната одбрана.

„Во јули имавме 1.584 пожари наспроти 953 во 2019 година“, рече заменик -министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас на ТВ Стар, проценувајќи дека „веќе не зборуваме за климатски промени, туку за климатска закана“.

„Ние сме во фаза на апсолутна климатска дерегулација“, рече тој, исто така, на јавната телевизија ЕРТ, прецизирајќи дека „ само во последните 48 часа имавме 116 пожари“ во Грција.

Властите ги затворија античките локалитети во попладневните часови, вклучувајќи го и Акропол.

рчките пожарникари кои и натаму се борат со големиот шумски пожар во подножјето на Парнас, во близина на Атина, денеска рекоа дека се надеваат дека огнот ќе биде ставен под контрола во наредните часови.
 
„Ситуацијата е подобра и се надеваме дека пожарот ќе биде ставен под контрола во наредните часови“, соопшти противпожарната служба.
 

Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис утрово го посети селото Варибоби, 30 километри северозападно од Атина, каде е најголема штета има од шумските пожари.

Десетина куќи изгореа, а бројни објекти претрпеа голема штета. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани од Варибоби и уште две околни села.

Повеќе од 500 пожарникари, со поддршка на хеликоптери и авиони, работат на гаснење на пожарот утрово, а густ чад стигна и до централните делови на Атина.