Во Франција разбиена меѓународна мрежа за производство на синтетичка дрога

Француската полиција разби меѓународна мрежа за производство на синтетичка дрога и уапси осум лица.
Во голема полициска операција во францускиот департмент Вар и во Белгија откриена е меѓународна криминална група која произведувала и тргувала со синтетичка дрога и перела пари.
Пролетта 2024 година во луксузна вила во Вар биле произведени 400 килограми метамфетамин. За производството на дрогата користени се суровини од Кина. Криминалната мрежа вложила околу 150.000 евра за набавка и за исплата на превозниците, а очекувала добивка од 11 милиони евра.
Полицијата заплени готовина, три возила, луксузни предмети, мобилни телефони и електронска опрема.