Во ЕУ се собираат потписи за смена на Борел по „понижувачката“ посета на Русија

Урсула фон дер Лајен, и самата растресена поради фијсакото со вакцината, го поддржа шефот на европската дипломатија
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ја има „целосната поддршка“ на Урсула фон дер Лајен, изјави портпарол на претседателот на Европската комисија во понеделникот, и покрај тоа што повеќе од 70 европратеници кои побараа оставка по „понижувачката“ посета на Москва.
Борел се соочува со критики затоа што стоеше тивко и полунасмеано додека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја нарече ЕУ „несигурен партнер“ за време на заедничката прес-конференција во рускиот главен град во петокот. Борел, кој се состана со Лавров за да разговара за односите меѓу ЕУ и Русија по труењето и затворањето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, исто така беше зачуден од Русија, која протера тројца европски дипломати за наводно присуство на демонстрации за поддршка на Навални – вест за која Борел дознал од Твитер додека тој беше на состанок со Лавров.
Седумдесет и три европарламентарци досега го потпишаа нацрт-писмото на европратеникот од естонска европска народна партија, Рихо Терас, во кое се вели дека се „загрижени за понижувачките случувања“ за време на посетата на Борел на Москва
„Погрешната проценка на Борел во неговата одлука за посета на Москва и неговиот неуспех да застане зад интересите и вредностите на Европската унија за време на неговата посета, предизвикаа сериозно нарушување на угледот на ЕУ“, се вели во писмото, пред да се повика Фон дер Лајен да го разреши. „Сметаме дека претседателот на Европската комисија треба да преземе нешто, доколку господинот Борел не даде оставка по своја волја“.
На списокот на потписници во голема мерка има европратеници од Европската народна партија и Европските конзервативци и реформистички групи, плус неколку пратеници од Обнови ја Европа. Терас рече дека планира писмото да го испрати до Фон дер Лајен во понеделник вечерта, а повеќе европратеници би можеле да го потпишат пред тоа.
Борел ќе се појави во Европскиот парламент во вторник попладне, каде се очекува да биде под притисок на европратениците за неговото патување во Москва и неговото однесување за време на контроверзната прес-конференција со Лавров.
Сепак, говорејќи на дневната прес-конференција на Комисијата, главниот портпарол Ерик Мамер рече дека Фон дер Лајен „му ја дава целосната поддршка на високиот претставник за патувањето во Москва“ и рече дека патувањето понатаму ќе се дискутира за време на состанокот на Колеџот на комесари во вторник.
Додека Мамер рече дека Комисијата не може да коментира повеќе за писмото на европратениците, бидејќи не е добиено, неговиот колега Петер Стано – главен портпарол за надворешна политика – ја бранеше одлуката на Борел да молчи за време на вербалниот напад на Лавров против ЕУ.
„Што се однесува до она што го рече г-дин Лавров, таму навистина немаше ништо ново. Тоа е она што руските власти секогаш го велат“, рече Стано, пред да тврди дека Борел е „ дипломат“ за кого „прес-конференцијата не е платформа за дискусии или конфронтации“.
„Имаше молк од високиот претставник затоа што тој беше многу гласен во преговорите со господинот Лавров“, рече Стано, опишувајќи ги разговорите како „многу долги… со високи нивоа на тензии“.
Стано исто така рече дека Борел побарал да го посети Навални во затвор, но дека Лавров одбил и му рекол на Борел да постави такво барање преку руските судови – барање што Стано го опиша како невозможно со оглед на краткото траење на посетата на Москва. Тој рече дека висок член на делегацијата на Борел се состанал со адвокатот на Навални.
Во писмото на европратениците се критикуваат и другите аспекти на посетата на Борел, вклучувајќи ја осудата на американското ембарго за Хавана, не спомнувајќи ја „тековната војна на Русија во источна Украина“ и поддржувајќи ја руската вакцина за корона вирусот „Спутник V“, „иако не е одобрена од Европската агенција за лекови“.
Сепак, тројца врвни европратеници за надворешна политика – претседавачот на парламентарниот комитет за надворешна политика, Дејвид Мекалистер, известувачот на парламентот за Русија, Андриус Кубилиус и претседателот на делегацијата во парламентарниот комитет за соработка меѓу ЕУ и Русија, Ришард Царнецки – не го потпишаа писмо до понеделник попладне, и наместо тоа, излегоа со соопштение за јавноста во кое тие остро го осудија протерувањето на дипломатите на ЕУ од Русија.
Тие исто така рекоа дека ја „поздравуваат намерата прогласена“ од Борел да разговараат за односите меѓу ЕУ и Русија на состанокот на министрите за надворешни работи на блокот на 22 февруари, „што треба да вклучува усвојување на нови санкции“. (Политико)