Во директен судар на автобус и камион во Русија, загинаа шестмина
На автопатот Астрахан-Елиста-Ставропол во Русија се случи директен судар на автобус и камион.
Во таа несреќа, како што пренесува РИА новости, шест луѓе го изгубиле животот, а седуммина се повредени, соопштија утрово од руското министерство за вонредни состојби.
„На автопатот директно се судриле камион „камаз“ и патнички автобус „Неоплан“ кој сообраќал на релација меѓу Макачкале и Санкт Петерсбург“, се наведува во соопштението на министерството и додаде дека во автобусот имало вкупно 28 патници.
Asiatimesnow.com наведува дека меѓу жртвите имало и едно дете.
На местото на несреќата се упатиле четворица службеници од руското министерство за вонредните ситуации со едно санитетско волизо со кое се превезени повредените и настраданите. Во тек е истрага за несреќата.