Во дел од Јапонија сопрена вакцинацијата со „Модерна“ откако починаа двајца мажи

Јапонската префектура Окинава ја сопре употребата на вакцината „Модерна“ против Ковид-19, откако беше забележана уште една контаминација, соопшти локалната влада.
Ден порано јапонското министерство за здравство објави дека ја истражува смртта на двајца мажи кои починале откако примиле контаминиран примерок на вакцината „Модерна“, иако причината за смрт е непозната.
Префектурата Окинава објави дека програмата за вакцинација е делумно одложена.
„Ја сопираме употребата на вакцините „Модерна“ против Ковид-19 затоа што се воочени страни тела во некои од нив“, се наведува во соопштението. Производните линии во кои на Окинава е забележана контаминација се поинакви кај отколку ка 1,63 милиони дози кои се суспендирани по смртта на двата смртни случаи, наведуваат локалните медиуми.
Министерството за здравство наведува дека починале еден 38 и еден 30-годишник на почетокот на август , откако примиле втора доза од з=вакцината „Модерна“. НИвните дози се извлечени од една од трите серии кои владата ги суспендира во четвртокот, откако беше утврдена контаминација во неколку шишенца. Министерството вели дека причината за смртта се истражува и дека не е сигурно оти има причинско-посчедична врска со вакцината.
„Во моментот немаме докази дека тие смртни случаи се предизвикани директно од вакцината на „Модерна“. Важно е да се спроведи формална истрага за да одредиме дали постои врска“, порачаа во саботата во заедничко соопштение „Модерна“ и нејзиниот јапонски дистрибутер „Такета“,
Непознат е и составот на пронајдените честички во шишенцата кои партнерска фирма во Европа ги изработила за „Модерна“.
„Шошенцата се испратени во меродавна лабораторија на анализа, а иницијалните сознанија ќе бидат достапни на почетокот на следната недела“, истакнуваат од „Модерна“ и „Такеда“.
Шоанската фирма ROVI, која ги изработи шишенцата, порача дека ја истражува причината за контаминација на таа серија, кои се дистрибуирани само во Јапонија. ROVI наведува дека проблемот може настанал на една од нивните производни линии. Околу 44 отсто од Јапонците се целосно вакцинирани, а земјата се бори со пораст на ројот заразени поради делта варијантата.