Во Будимпешта Дунав се излеа од коритото – брановите стигнуваат и до парламентот


Дунав се излеа од коритото што е невообичаено за рани зимски поплави во Будимпешта денеска, со највисоки водостои во последните десет години поради обилните дождови и снег придружени со благо време.

Главниот унгарски водовод објави дека Дунав доцна во средата го достигнал врвот од 6,93 метри, што е сè уште помалку од 8,91 метри во 2013 година и екстремните поплави во Централна Европа.

Годинешните поплави на Дунав не предизвикаа поголеми штети во Будимпешта, но експертите предупредуваат на можноста за почести рани поплави поради климатските промени. Зимските врнежи се зголемуваат, а со пораст на температурите ќе има помалку снег, а потоа ќе се стопи порано“, изјави Ана Кис од климатската иницијатива „1,5 степени“.

„Се сеќавам на големи поплави, но не во декември. Во декември Дунав мрзнеше“

Управата за вода соопшти дека последен пат нивото на Дунав надминало 6 метри во декември 1987 година, но тогаш не ги поплавил патиштата долж брегот. „Во притоките на Дунав паднаа многу врнежи, а снегот се стопи поради благото, но влажно време, па поплавата пристигна порано“, се наведува.

Оттаму додаваат дека не се исклучува можноста за повторно поплавување на пролет. Жителите на Будимпешта шетаа покрај реката под сончевите зраци, уживајќи во ретката глетка на бранови што го обвиткуваат насипот под зградата на парламентот.

“Се сеќавам на големи поплави, но не во декември. Во декември Дунав се замрзнуваше. Се сеќавам на времето кога бев многу млад и кога мораа да го скршат мразот околу мостот на синџирите со експлозии”, рекол еден од случајни минувачи.