Во БиХ 2.632 новозаразени, починаа 55 лица


 

Денеска, во Босна и Херцеговина регистрирани се 2.632 лица позитивни на корона виурс, од 5.552 тестови. Починаа 55 лица.

Вчера беа регистрирани 2.601 позитивни и 40 починати.

Во Федерацијата БиХ регистрирани се 1.879 позитивни и 35 починати, а ретроактивно пријавени се уште три смртни случаи. Досега од кроона вирус заболеле 223.443, а починале 7.958 лица.

Во Република Српска регистрирани се 589 новозаразени, а починаа 19. Од почетокот на пандемијата 105.315 биле заразени, а починале 5.797 пациенти.

Во Брчко дистриктот регистрирани се 164 позитивни, почина едно лице. Од почетокот на пандемијата регистрирани се 13.155 позитивни. а вкупно починале 488 пациенти.