Во Берлин најавена линија со лебдечки воз, неколкупати досега проектот беше напуштан


Градот Берлин планира да тестира воз со магнетна левитација (тн. маглев) на патека долга пет километри, изјави претседателот на фракцијата на Демохристијанката унија (ЦДУ) во Градското собрание, Дирк Штетнер.

– Се очекува дека лебдечкиот воз ќе биде поевтин и оти за изградбата на таква пруга ќе треба помалку време отколку за нова подземна железничка линија. Покрај тоа, занимлива е информацијата, особено ако се земе предвид хроничниот недостиг на работници во берлинската Јавна сообраќајна служба, дека возот маглев ќе сообраќа без машиновозач, нагласи Штетнер.

Берлинските медиуми пишуваат дека на тој план се согласиле и социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц.

Изградбата на железница за овој нов вид сообраќај, според Штетнер, ќе чини 80 – 85 милиони евра, од посебен фонд од пет милијарди евра, наменет за проекти за ублажување на последиците од климатските промени. Не се соопштуваат подробности за трасата, ниту кога треба да почне изградбата.

Западен Берлин имаше од 1984 до 1991 година кратка „М-Бан“ линија за магнетни возови, што првично беше тест-проект, а потоа накратко беше вклучен во и редовниот сообраќај. Кусо по обединувањето на Германија, проектот беше напуштен.

Напуштени проекти

Напуштањето на овие проекти не е непознато. Имено, повеќе линии на „Маглев“ се напушатни во повеќе земји, односно никогаш не го видоа светлото на денот. Во сите случаи причина број еден беше високата цена, но приказните се многу различни. Еден швајцарски проект и три од  „Трансрапид“, Германија.

Швајцарското метро

Овој проект е напуштен бидејќи на Swissmetro ќе му треба значителна сума за трошоци, односно 24 милијарди франци кои треба да се соберат од јавните пари. Сепак, актуелната влада не е подготвена да ги ослободи средствата затоа што не можат да видат како ќе си ги вратат парите. Придобивките за швајцарската влада се индиректните профити кои произлегуваат од намаленото загадување, зголемениот туризам и помалку несреќи.

Оригиналната визија на Swissmetro беше да ја претвори Швајцарија во една метропола со тоа што ќе овозможи патување до кој било поголем град во земјата во рок од 15 минути.

Планот беше да се изгради подземна мрежа од тунели 50 – 100 метри под нивото на земјата. Во тунелите би се извлекувал воздух, создавајќи полувакуум што го намалува отпорот на воздухот и ќе им овозможи на возовите да достигнат брзина од 500 км на час.

Патниците ќе пристигнуваат во возовите преку продолжени пешачки патеки под притисок и возовите требаше да превезуваат 200-800 луѓе и да сообраќаат на секои десет минути.

Додека се во платформата, возовите може да се ротираат како куршуми во буренце од револвер за да се овозможи пристап до различни тунели кои ги водат патниците во различни насоки. Амбициозниот план вклучуваше идеи за проширување на системот за да ги покрие клучните градови низ цела Европа.

Планот за Минхен

Плановите за изградба на маглев железница долга 38 километри што ги поврзува аеродромот во Минхен и центарот на градот беа напуштени во 2008 година, откако трошоците се зголемија од 2,90 милијарди долари на 5,33 милијарди долари. Германската влада се согласи да плати половина од првичната проценка, но одби да ги задоволи новите бројки.

Проектот требаше да користи сосема нов модел на воз маглев, Трансрапид 09 и да има нов носач за водич наречен „Минхенски носач“. Линијата би достигнала максимална брзина од 350 километри на час и би ги доставувала луѓето од аеродромот до центарот на Минхен за 10 минути. Многу побрзи од сегашните S-Bahn возови кои беа критикувани дека се премногу бавни, потребни се 40 минути за да се заврши патувањето.

Меглев воз меѓу Хамбург и Берлин

Оваа патека долга 295 километри беше замислена да ги носи патниците меѓу Хамберг и Берлин за 55 минути патувајќи со брзина од 450 километри на час. Проектот доби зелено светло во 1994 година и постоеше надеж дека ќе биде оперативен до 2005 година. Линијата требаше да користи хибрид од маглев технологија за забрзување на возот и линеарен електричен мотор на пругата и возот за одржување на брзината.

И покрај проектираниот годишен профит од 560 милиони американски долари, проектот беше напуштен во 2000 година во корист на надградба на сегашната линија за да се приспособат на брзини од 230 км/ч по цена од 600 милиони долари. Ова беше значително помалку од 5,77 милијарди долари што би биле потребни за да се изгради предложената врска со маглев.

Метрорапид
„Метрорапид“ би видел возови на маглев кои брзо се движат меѓу Дизелдорф и Дортмунд, но беше напуштен во 2003 година. Шемата беше силно критикувана поради високата цена (3,6 милијарди долари) и неефикасноста.

Иако пругата би можела да има брзини над 300 км/ч, критичарите истакнаа дека возот всушност би бил во просек само 128 км/ч поради седумте станици по пат. Тие тврдеа дека тоа значело дека возот маглев ќе биде само осум минути побрз отколку ако ја прошират сегашната брза железничка врска ICE.

Сегашните ICE возови го поврзуваат Брисел со многу германски градови и имаат максимална брзина од 300 км/ч. За три часа ќе ве однесат од Брисел до Франкфурт.

„Метрорапид“ планираше да превезува 37 милиони патници годишно преку патека долга блиску до 80 километри што поминува 16,4 километри тунели. Ќе требаше да се изградат девет мостови, што предизвика противење од еколошките групи кои сакаат да го заштитат историскиот и живописен регион на Рајнскате област. Овие протести беа последните клинци во ковчегот за предлогот.