Во Белорусија веќе четири месеци траат протестите, денеска уапсени 135 демонстранти


 

Полицијата во Белорусија денеска привела 135 демонстранти кои учествувале на протестите, јави Виасна-96.

Во главниот град Минск и во останатите белоруски градови во неделата беа одржани повеќе од 120 мирни прошетки. Во некои учествуваа неколку десетици демонстранти, а во некои стотици.

Демонстрантите истакнаа бели знамиња со црвена линија на средината, симбол на белоруската опозиција и викаа „Да живее Белорусија“.

Лидерите на опозицијата велат дека во Белорусија од почетокот на демонстрациите во август до денеска приведени се повеќе од 30.000 луѓе.

Протестите, чии учесници бараат оставка на претседателот Александар Лукашенко, траат од август, кога беше повторно избран, а за што се сомневаат дека е постигнато со кражба на изборите.

Од тогаш, наводно се приведени 30.000 луѓе, а многу фотографии и видеоснимки сведочат за полициска бруталност.