Кокаин пронајден во супермаркетите во Германија


Откриен кокаин во робата на неколку супермаркети во Берлин и Бранденбург, пренесува Билд, повикувајќи се на извор од безбедносни кругови.

Дрогата ја пронашле работниците од тие продавници, се наведува понатаму, додавајќи дека биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин.

Полицијата е пред маркетот и врши преглед на робата.

Засега не се знае вкупната количина на кокаин.