Во Азербејџан почнува тестирање на комбинација од вакцините „АстраЗенека“ и „Спутник“
Тестирање на комбинацијата од руската вакцина „спутник V“ и вакцината на „Астра Зенека“ ќе почне следната недела во Азербејџан и во некои други земји на Блискиот Исток, изјави денеска висок руски службеник.
„АстраЗенека“ претходно објави дека ќе почне клинички испитувања заради тестирање на комбиација од две вакцини за да се утврди дали може на тој начин да се зголеми ефикасноста на британската вакцина.
Двете вакцини се применуваат во две дози и користат безопасни аденовируси како вектори за пренос на генетски насоки во телото за да се створат антитела. Меѓутоа, „спутник“ користи различни вирусни вектори во двете дози.
Според податоците од последната фаза на испитување, објавени во стручниот магазин „Лансет“ руксата вакцина има ефикасност од 91.6 отсто.
Британија во четвртокот почна испитување на процената на имунолошкиот одговор во случај на комбинација на вакцините на „Астра Зенека“ и на „Фајзер“
„Спутник“ беше прв на светот кој покажа дека двете дози треба да се разликуваат за имунолошкиот одговор да биде посилен и подолг, како и поотпорен на мутации.
Сега и другите почнуваат да го следат тој пример.
Стотици луѓе во различни земји ќе учествуваат во тестирање на комбинирана вакцина. Веќе го одобрија неколку регулатори, а наоѓањето апциенти почна минатата недела.
Испитувањата ќе се одржат во Аргентина, Саудиска Арабија, Обединетите Емирати. Белорусија, Русија, Украина, јави Ројтерс. Учесниците прво
ќе примат вакцина „Астра Зенека“, а по 29 дена „спутник V“.
Првите резултати се очекуваат во март.