Во Америка има најмалку 7 билиони долари неосигурани банкарски депозити: Ова се најголемите такви банки


 

Денеска во Америка има најмалку 7 билиони долари (7 илјади милијарди) неосигурени банкарски депозити.

Оваа вредност водолари е приближно три пати поголема од пазарната капитализација на „Епл“, или приближно еднаква на 30 отсто од американскиот БДП. Неосигурени депозити се оние кои го надминуваат лимитот од 250.000 долари, осигурен од Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC), кој всушност беше зголемен од 100.000 долари по глобалната финансиска криза. Тие сочинуваат приближно 40 отсто од сите банкарски депозити.

По колапсот на Банката на Силиконската долина (SVB), Вижуал капиталист (VisualCapitalist) претставува преглед на 30 американски банки со најголем процент на неосигурени депозити користејќи податоци од S&P Global.

Кои банки имаат најмногу неосигурени депозити?

Во изминатиот месец, СВБ и Сигначр банк банкротираа со неверојатна брзина.

Во продолжение погледнете како се споредува нивното ниво на неосигурени депозити со другите банки. Податоците вклучуваат американски банки со средства од најмалку 50 милијарди долари на крајот на 2022 година.