Во Албанија почувствуван земјотрес


Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Тирана.

Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри, пишува Albanian Daily News.

Земјотресот е почувствуван и во Драч.