ВМРО-ДПМНЕ продолжува за Костадиновска-Стојчевска: Купила карти за Дубаи, но не отпатувала

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и денеска ја продолжи канонадата од напади против поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Пратеникот Миле Лефков на прес-конференција рече дека на 5 февруари 2022 таа со својата службена картичка купила три авионски карти за Дубаи во износ од 173.499 илјади денари. „Кога требала да замине на пат, таа не заминала. До последен момент не ги откажувала картите и парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги носела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци.
Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи? И кои се последиците од непосетата? Или пак станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок?“, рече Лефков.