ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта пред заминување распишува тендери за јаглен


Ископување на јаглен во РЕК „Битола“ (Фото: Ројтерс)

„Власта во заминување спрема огромен криминал тежок 9 милијарди денари (146 милиони евра). СДС и ДУИ преку два тендери во РЕК Битола сакаат да испумпаат 9 милијарди денари народни пари преку фирми блиски до нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Непосредно пред избори власта во заминување распишува два од можеби најголемите тендери некогаш спроведени во Македонија. Околу 6 милијарди денари за увоз на јаглен и околу 3 милијарди денари со вклучен ДДВ за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола.Однапред се знае кој ќе ги добие овие два тендери со вкупна вредност од 9 милијарди денари, а тоа се блиски фирми до власта, од која една во сопственост на конзул на држава која е под санкции на ЕУ.

Власта во заминување е европска само на зборови, а во реалноста дава стотици милиони на фирми поврзани со лица во врска со земји под санкции на ЕУ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.