ВМРО-ДПМНЕ: Да се повлече европското знаменце од законот за Академијата на судии и обвинители
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта повторно прави манипулација со институтот „европско знаменце“, сега на Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители.Истиот текст на закон , според оваа партија, бил доставен до Собранието во август во редовна постапка, за подоцна истиот да биде повлечен од страна на Владата и повторно поднесен со знамето на Европската Унија и ставен на две комисиски расправи во исто време денес.
-Во предлог законот не се наведени податоци за изворните акти од ЕУ со полн назив назив, број и датум ниту пак е наведен правниот акт на Европската Унија со кој е извршено усогласувањето што е спротивно на член 135 став 4 и 5 од Деловникот на Собранието. Начинот на избор на судии и јавни обвинители е суверено право на секоја земја членка на Европската Унија и не постои европска регулатива која ја третира оваа материја, така што се докажува дека власта манипулира со институтот “европско знаменце”, но и со материјалните и човечките ресурси кои ги вложува Европската Унија за реформите во Македонија“, порачаа од партијата.
Дополнително забележуваат дека во постоечкото законско решение субјективното влијание на Приемната комисија пред која се полага само усмениот дел од испитот изнесува до максимум 15% од вкупната оценка за секој канидат, за разлика од предложените законски измени каде субјективното влијание ќе изнесува 50 %.
-Со предложените законски измени, се предлага и писмениот и усмениот дел да се полагаат пред Приемната комисија и да имаат учество 50% во вкупната оценка за кандидатот што е преголемо субјективно влијание и дискреционо овластување врз оценката на кандидатот. Фактот што во Приемната комисија и Програмскиот совет ќе членува лице лично номинирано од страна на Министерот за правда при полагањето на писмениот и усмениот дел од испитот, ќе значи директно партиско влијание на министерот за правда и негово дискреционо овластување во оценувањето на кандидатите, а со тоа и во изборот на судии и јавни обвинители.
Исто така, правно е спорно и нелогично, државен службеник усно да испитува кандидати за судии и јавнни обвинители кои работат како адвокати, стручни судски и јавно обвинителски службеници, за практична примена на законите во граѓанското и кривичното право, а самиот тој државен службеник не работи во таа област, односно работи како државен службеник без никаков допир со судска или јавнобвинителска материја.
Претничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од матичната комисија да се организира јавна расправа околу овој предлог закон на која што врвни експерти од правната фела ќе можат на транспарентен начин да ги дадат своите забелешки и заеднички да се изработи квалитетно законско решение кое што ќе ја врати довербата на граѓанитe во судскиот систем.За оваа злоупотреба на СДСМ ќе ги информираме и ОБСЕ, Европската комисија, Американската амбасада и Француската амбасада кои се финансиери на оваа академија и се косат со нивните заложби за реформи во правосудниот систем, стпи во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов, не може да имаме правна држава кога вакви закони „се носат на мускули“.
– Се повторува истото сценарио, демонстрирате моќ врз демократските вредности. Пред две недели законот го повлековте и сега го доставувате со европско знаменце. Што се смени во Европската Унија за 10 дена, за кој вие сте одлучиле ова решение да го доставите со европско знаменце. Зошто за 10 дена го сменивте основот од редовна постапка. Секојдневно се крши Деловникот. Ве повикувам да се преиспитате, да го повлечете законското решение и да се организира јавна расправа, изјави пратеникот Ефтимов.
Министерството за правда во образложението за поребата од носење на Законот, што се предлага со европско знаменце, наведува дека тој произлегува од потребата за реформа на судството, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратешката цел на државата за членство во ЕУ и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди.
– Основната цел на предлагањето на овој закон е содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор дефинирана како: воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за судии и јавни обвинители, нови законски критериуми за состав на органите на управување и раководење на Академијата, како и редефинирање на начин на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите, се вели во Предлог законот за Академијата на судии и јавни обвинители.
ВSpored