ВМРО-ДПМНЕ бара да се повлече предлог-законот за Охрид и Охридскиот Регион од собраниска процедура


Предлог-законското решение за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион кое што е доставено во Собранието, деновиве можевме да видиме и слушнеме дека не е тоа на кое што било работено изминатиот период со граѓанските организации запознати со проблемот. Ова значи дека јавните расправи на оваа тема кои што биле правени биле буквално фрлени во корпа заедно со сите експертски мислења кои биле изнесени, обвини денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска.

Од опозициската партија сметаат дека ова само го покажува односот на Власта кон експертската јавност.

„Дополнително, можевме да слушнеме и видиме оти Владата тоа што го презентирала пред комитетот на УНЕСКО во Баку не соодведствува со тоа кое што сега како предлог законско решение го нуди“, рече Лашкоска.

Потсети дека спротивно на сите насоки Владата вметнува одредби со кои новиот Совет треба да одлучува со Бадинтер што е спротивно на Уставот, а згора на тоа во Советот да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците.

Затоа бараме итно да се повлече ова предлог законско решение од собраниска процедура. Закон за Охрид и охридскиот регион има во сила и обврските кои ги имаат надлежните органи и институции и по овој закон можеа да си ги завршат и лани, и пред неколку месеци, но кога веќе ништо не реализирале, им препорачуваме тоа да почнат да го прават уште од денес“, рече Лашкоска.