Влијанието на божиќниот и новогодишниот консумеризам врз животната средина


Фото: Б. Грданоски

Брисел – На активностите на човекот кои оставаат последици врз животната средина несомнено се вбројува и модерниот косумеризам за време на Божик и Нова година, кој исто така влијае врз „здравјето на Земјата“.  

„Среде соба високо елката ни стои….“ и ако е природна таа испушта 16 килограми гасови еквивалент на јаглерод диоксидот по нејзиното складирање по употребата. Ова количество на емитувани штетни гасови е поголемо од она што би се ослободило при расцепкување на природната елка и при нејзино спалување.  

Кога станува збор пак за пластичните елки, состојбата е уште пострашна. Вештачките елки оставаат уште поголеми јаглеродни отпечатоци, испуштајќи во просек околу 40 килограми гасови еквивалент на јаглерод диоксид. Ваквиот податок не треба да претставува изненадување, ако се има предвид дека пластиката е изработена од фосилни горива. 

Покрај емисиите на штетни гасови, тука се и пестицидите. Природните новогодишни елки најчесто се одгледуваат на строго наменски монокултурни плантажи, кои не важат за симболи на биолошкиот диверзитет.  

Први јануари - Нова Година, која годинава е во петок, е неработен ден за сите граѓани.  Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека овој ден е неработен согласно Законот

За да се заштитат елките од штетници и болести, при нивното одгледување често се користат пестициди, вклучувајќи го и контроверзниот глифосат околу чија употреба се води жестока дебата во Европската Унија.  

Германската еколошка невладина организација Сојуз (Бунд) минатата година спровела тестирање на повеќе природни новогодишни елки ширум Германија и на речиси три четвртини од нив или 73,6 отсто биле откриени траги од пестициди. 

Дополнителен еколошки проблем е она што се остава под новогодишните елки – детските играчки. Според извештајот на бизнис организацијата Индустрија на играчки на Европа (ТИЕ), околу 80 отсто од играчките во ЕУ по потекло од трети земји што се продаваат онлајн не ги исполнуваат безбедносните стандарди утврдени со Директивата за безбедност на играчките на Европската Унија. 

Анализата на ТИЕ утврдила дека во некои играчки количеството на елементот бор, за кој се смета дека предизвикува проблеми со репродуктивното здравје, биле 13 пати над дозволената граница. 

ТИЕ оценува дека иако во ЕУ важат едни од најстрогите правила за безбедност на играчките во светот, сепак продавачите ги користат сајтовите за онлајн трговија за да го заобиколат безбедносниот режим на блокот. 

Според генералната директорка на ТИЕ, Кетрин Ван Рит, состојбата станува се поалармантна со растот на популарноста на платформите за е-трговија. 

– Откривме дека на онлајн пазарите се продаваат многу играчки од страна на продавачи кои често не се од ЕУ и кои навистина не се грижат за безбедноста, изјави Ван Рит за бриселскиот инфо портал „Политико“. 

Како што соопшти денеска ОЛАФ, околу 60 учесници на дводневната конференција ќе разговараат за идентификување на најновите криминални трендови и најдобрите практики во справувањето со појават

Инаку, меѓу членките на ТИЕ се и „Лего“, одделот за играчки на „Волт Дизни“ и „Мател“, производителот на куклите Барби. 

Според статистичките податоци на Евростат, во 2023 година дури 80 отсто од играчките во ЕУ биле увезени од Кина. Речиси сите предупредувања издадени годинава во ЕУ за недозволени количества на хемикалии во играчките се однесуваат на оние по потекло од Кина. 

Кога станува збор за играчите и останатите божиќни и новогодишни дарови, тука е амбалажата за нивно пакување, која создава огромни количества отпад, особено ако се има предвид дека само за завиткување на подароците се користат илјадници и илјадници метри хартија.  

Така, според невладината еколошка организација Репак, само Ирска со своите нешто над пет милиони жители, од амбалажата за пакување на подароците за Божик во 2022 година генерирала околу 97.000 тони отпад. 

Покрај елките и играчките, божиќните и новогодишните празници се врзуваат и со оброците обилни со месо. Според студијата на француската Агенција за еколошка транзиција (АДЕМЕ), спроведена во 2022 година, 83 отсто од количеството на храната подготвена за време на празниците претставува вишок. 

Ова укажува дека т.н. сезона на празници е период на генерирање залудно потрошена храна.  

Статистичките податоци покажуваат значително зголемување на консумирањето на месо во текот на божиќните и новогодишните празници, што се поврзува со штетните последици на земјоделскиот сектор врз животната средина. 

Според Меѓународната агенција за енергетика (ИАЕ), околу 40 отсто од глобалните емисии на метан потекнуваат од земјоделството. Метанот е гас што, меѓу останатите, го испуштаат кравите и овците и тој важи за еден од водечките предизвикувачи на ефектот на стаклена градина.  

Субвенции во висина од 354 милиони денари им се исплатени на вкупно 12.500 сточари кои одгледуваат говеда. Субвенциите се исплатени преку мерката „Директни плаќања за обележани грла говеда“. 

Податоците на Обединетите нации укажуваат дека речиси 15 проценти од вкупните глобални емисии на стакленички гасови потекнуваат од добитокот, што е приближно еднакво на количествата што заедно ги ослободуваат индустриите за производството на челик и на цемент. 

Друг еколошки проблем е и обезбедувањето храна за добитокот, за што се користат огромни површини земјиште за одгледување соја, пченка и други житарки со кои се хранат мисирките и говедата чие месо завршува на божиќните и новогодишните трпези.  

Дополнително обезбедувањето пасишта за говедата и овците, често значи потреба од сечење на шуми или вештачко пресушување на мочуришта. Тоа има двојно влијание врз животната средина – се нарушува биодиверзитетот и се елиминираат клучните „вшмукувачки“ на јаглерод диоксид, што придонесуваа за климатските промени и за уништување на природата. 

Кога станува збор за климата, тука е и штетно влијание врз неа од патувањата во деновите на Божик и Нова година.    

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, бележи 70 отсто пораст во патничкиот сообраќај во 202

Според податоците на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО), при еден лет на релација Лондон – Њујорк и обратно се испушта повеќе од половина метрички тон јаглерод диоксид по патник.  

Ако се има предвид дека еден жител на Европа во просек годишно испушта нешто над седум метрички тони јаглерод диоксид, тоа значи дека само за патување до Њујорк и враќање дома еден Европеец придонесува за зголемување на неговите јаглеродни емисии за речиси една десетина. 

Податоците на ИЦАО покажуваат дека на повратен лет меѓу Брисел и Берлин се ослободуваат 0,18 метрички тони, односно 180 килограми, јаглерод диоксид по патник.  

Емисиите на јаглерод диоксид при патувањата би можеле да се намалат доколку наместо со авион се патува со воз. Така, воз на релација Брисел-Лондон ослободува 2,9 килограми јаглерод диоксид по патник, додека авион за истото минато растојание би емитувал 68,1 килограми по патник или 23 пати повеќе.