Владата со седница за зелени решенија


Фото: Б. Грданоски

Владата денеска на пладне ќе ја одржи 130-та седница. На дневниот ред е предвидено да се најде информацијата со Предлог-одлука за прераспределба на средства од Буџетот за Стратешки зелен инвестициски фонд, како и информација за спроведување на ИПА проектот „Подготовка на стратешки мапи за бучава и акциски планови со програма со мерки“.

На оваа седница, како што соопшти владината прес-служба, ќе се расправа и по информацијата за Предлог-стратегија на Владата за соработка и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2022-2024.

За заклучоците од седницата, Владата ќе информира со соопштение веднаш штом таа ќе биде завршена.