Вишото јавно обвинителство било против укинување на притворот на Мијалков


Вишото јавно обвинителство Скопје дало негативно мислење за жалбата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, против одлуката за притвор и понудената гаранција односно барало тој да остане во притвор.

Сепак, советот во скопска Апелација одлучи жалбата да се прифати и го преиначи решението за притвор. Притоа, прифати гаранција од 11 106 501 евро дека нема да избега и му одреди мерки на претпазливост – одземање и забрана за издавање пасош и обврска да се јавува во судот.

Гаранцијата од над 11 милиони евра, според нашите информации, се состои и во недвижен и во подвижен имот, а ексшефот на УБК треба да излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање под хипотека на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.