Вимблдон: Чудесниот сон на Маркета Вондроушова се претвори во титула


 

Во четирите години откако Маркета Вондроушова првпат стигна до гранслем финале на Ролан Гарос во 2019 година, целото лице на спортот се промени. Многу од најдобрите играчки од претходните генерации се пензионираа, додека други врвни се издигнаа и паднаа. За цело време, сè уште не беше јасно дали оваа талентирана, уникатна левучарка од Чешка ќе го исполни раното ветување што го покажа како 19-годишна девојка во Париз.

Нејзиниот долгоочекуван пробив дојде под неочекувани околности на површина на која таа досега победила само на два меча од главната ждрепка пред оваа година. Без разлика, во саботата попладне, Чехинката заврши волшебни две недели победувајќи ја Он Џабур со 6-4, 6-4 и стана гренд слем шампион за прв пат на Вимблдон.

Со својата победа, Вондроушова е последната во бескрајната серија на чешки тенисерки што се етаблираа на врвот на спортот и трета чешка шампионка на Вимблдон. На 42-то место, Вондроусова е најслабо рангирана шампионка на Вимблдон од воведувањето на ВТА ранг-листата.

Спектаклот, сепак, беше исто толку и за Џабур која се распадна под тежината на приликата. Таа го одигра најдобриот турнир во својот живот за да се стигне во финалето, грабнувајќи неверојатни победи над Петра Квитова, Елена Рибакина и Арина Сабаленка. Но, додека во финалето важеше за силен фаворит да стане првата африканска или арапска играчка која освоила грен слем титула, играјќи за многу повеќе од себе, Џабер не можеше да се справи со тоа. И го загубио второтo финале по ред на Вимблдон.