Виетнамец доби пет години затвор за ширење на корона вирусот


Маж од Виетнам осуден е на пет години казна затвор затоа што заразил неколкумина со корона ворус.

Ле Ван Три (27) е осуден дека ширел опасна заразна болест, јави Би-би-си.

Тој патувал од една во друга провинција и го прекршил 21-дневниот карантин. Заразил осум луѓе, а еден од нив починал по еден месец лечење, пренесуваат виетнамските медиуми.

Провинцијата Ца Мау од почетокот на пандемијата пријави само 191 случај на зараза и два смртни случаи, многу повеќе од градот Хо Ши Мин со 260.000 заразни и повеќе од 10.000 починати.

Во Виетнам расте бројот на новозаразени

Виетнам беше една од државите која успешно се бореше со пандемијата благодарение на масовното тестирање, следењето контакти и строгиот карантин, но ситуацијата се влоши во април. Повеќе од 536.000 заразени и 13.185 починати регистрирани се во последните неколку месеци.

Поради кршење на правилата, на затворска казна од година и пол и две години осудени се уште две лица.