(Видео/Фото) Огнот голта сè пред себе, изгореа 81 куќа
Австралиските власти пријавија дека изгореле 81 куќа во пожарите на западот на земјата, додека силните ветрови ги кочат напорите за гасење на огнот, пренесе Ројтерс.

Премиерот на Западна Австралија Марк Макгуан рече дека пожарникарите успеале да го смалат најголемиот од седумте пожари, но предупреди дека силните ветрови ја зголемуваат опасноста.
Овие пожари се многу непредвидливи и ранотите можат многу брзо да тргнат на лошо, рече Макгуан пред новинарите во Перт.

Властите соопштија дека ветровите веќе го спречиле полетувањето на протипожарните летала, како и дека во наредните неколку часа се очекува влошување на врмеенските услови.

Метеоролозите, сепак, најавуваат подобри времеснки прилики во следните денови, додека за сабота се очекува дожд во подраќјата зафатени со пожар.
Во пожарите нема жртви, а нивната причина сè уште не е позната.