(Видео) Заложничка драма во затвор во Франција


Илустрација

 

Еден од двајца чувари во француски затвор, кои како заложници ги зеде затвореник, е ослободен, јави француската телевизија BFMTV.

Како што наведува, тое се земени за заложници во затвор со висока безбедност, пренесе Ројтерс.

Француското министерство за правда претходно објави дека двајца чувари се задржани како заложници во затвор на северозападот на Франција, а дека од нив добил повреди на десното око.

Во соопштението се наведува дека во тек се преговори за да се ослободат заложниците во затворот Конд-сур-Сарат, кој се наоѓа на 250 км западно од Париз.

Се додава дека безбедносните единици се мобилизирани и се во затворот, а дека дополнителни сили се пратени таму.

BFMTV јави дека осомничениот кој ги држи чуварите издржува казна затвор за силување и за убиство.