(Видео) Во поплавите на југот на Индија загинаа најмалку 24 лица


 

Најмалку 24 луѓе загинаа во поплавите на југот на Индија.

Подрачјето го погодија силни дождови, што предизвикаизлевање на реките.

Меѓ загинатите има и пет деца, а се стравува дека бројот ан смртни случаи може да расте со оглед на тоа што многумина се бводат како исчезнати.

Неколку куќи се однесени од водата, а Котајам и Идуки се најтешко погодени окрузи во државата. Обилните врнежи, што со денови не престануваат, предизвикаа и свлечишта.

Воени хеликоптери превезуваат помош во погодените подрачја, каде луѓето се заробени.

Главниот министер Керале Пинараи Виџајан наведува дека евакуирани се илјадници луѓе, а низ целата држава поставени се повеќе од 100 кампови за помош.