(Видео) Во Данска одржан концерт со 50.000 луѓе


 

оОдека илјадници луѓе низ Европа протестираат против епидемиолошките мерки за сузбивање на корона вирусот, во Данка беше одржан конест на кој присуствуваа 50.000 луѓе.

Данска ги укина сите мерки па во Копенхаген се одржа концерт пред 50.000 гледачи, на стадионот во чија близина е поставен и штанд за вакцинирање против Ковид-19, јави ДПА.

Тоа е прв стадион во Европа кој прими посетители со целиот капацитет од прогласувањето на пандемијата од корона вирус, рекоа организаторите.

Пред концертот сите невакцинирани можеа да се вакцинираат против Ковид-19. Тоа е еден од начините на кој данските власти се обидуваат да привлечат повеќе луѓе на вакцинација, особено млади.

Ковид повеќе не е социјално критична болест

Концертот е одржан набрзо по одлуката на Данска во петок да ги укине последните рестрикции воведени поради корона вирусот. Луѓето повеќе нема да мораат да покажуваат потврда на која се гледа дека се вакцинирани, дека преболеле Ковид или да имаат негативен тест, дури ни ан големи случувања, на фудбалски натпревари, ни во ноќни клубови.

Данска нема да ја класифицира Ковид-19 како сруштвено критична болест.

Вакцинирани се 83 отсто од Данците над 12 години, и тоа со две дози.

Сепак, за оние кои влеуваат во земјата ќе им треба потврда за вакцинација зависи од која земја доаѓаат.

За многумина кои дојдоа на концертот тоа значи нов почеток.

„Толку сме среќни, можеби и ќе плачеме затоа што е ова како враќање на старите денови“, вели една Данка која на концертот дојде со пријателка.

„Овој концерт означува се, ограничувањата ги нема, славиме. Но, истот така, и е нешто ново, на што не сме навиканле па чувствата ни се помешани“, вели нејината пријателка.

На концертот беше и 12-годишник што прв се вакцинирал меѓу децата на таа возраст.

Дорте Олсен на концертот дојде со синот Емил, кој наполни 13 години и со ќерката.

„Јас сум медицинска сестра, а Емил беше еден од првите 12-годишници кои се вакцинираа во Данска. Готови сме со вакцинацијата па и да добиеме Ковис, би биле добро“, вели Олсен и додава дека ова што се случува е прекрасно, но и помалку застрашувачко затоа што долго не биле во блзина на толку луѓе.