(Видео) Торнадо пустошеше на италијански остров, двајца загинаа


 

Две лица загинаа во налет на торнадо на малиот италијански остров Пантелерија во Медитеранот, а неколку се повредени и причинета е материјална штета.

Торнадото го погоди остовор јужно од Сицилија, околу 19 часот во петок вечерта.

„Поради големо невреме дојде до свиткување на столбови, оштетени се покриви, а паднати се стебла од дрвја“, велат пожарникарите, пренесе АП. На овој остров главно престојуваат луѓе кои се на одмор.

Италијанската новинска агенција АНСА пишува дека меѓу загинатите се пожарникар и маж стар 86 години.

Жртвите биле во автомобили, кои летнале во воздухот, а еден е превртен ан покрив.

Меѓу повредените се девет лица во критична состојба, рече градоначалникот на Пантелерија, Винченцо Виторио Кампо, а засега нема информации за исчезнати.