(Видео) Страотен пожар во трговски центар во Ирак, најмалку 60 жртви

Повеќе од 60 лица, вклучувајќи жени и деца, загинаа во пожар во трговски центар во регионот Васит во источен Ирак, соопштија локалните власти, објавувајќи нов биланс на жртви од несреќата, откако претходно беше објавено дека во трагедијата загинале 50 луѓе. Ирачкото Министерство за внатрешни работи објави дека 61 лице загинало во пожар што избувнал вчера во новоотворен трговски центар, а спасувачите извлекле 14 неидентификувани јагленисани тела од него.
🚨 🇮🇶 | Dozens of casualties reported in fire at hypermarket in al-Kut, Iraq pic.twitter.com/V73Gf8BmY9
— MENA Observer (@MidEastOb) July 17, 2025
Државната новинска агенција објави дека неколку лица се водат како исчезнати.
Гувернерот Васит Мохамед ал-Маџех прогласи тридневна жалост во регионот.
Тој додаде дека причината за пожарот моментално се истражува и дека се покренати обвиненија против сопствениците на зградата и трговскиот центар.
„Ги уверуваме семејствата на невините жртви дека нема да бидеме попустливи кон оние што се одговорни за овој инцидент, директно или индиректно“, рече Ал-Маџех.
Големите пожари во Ирак често се случуваат поради лоши градежни прописи и контроли.
Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат како пламенот ја зафаќа петкатната зграда преку ноќ, додека пожарникарите се борат да го локализираат пожарот.