(ВИДЕО) Снимен обидот за атентат на руски бизнисмен


Минатата недела бизнисменот од Москва, Дмитриј Арчипенко, го преживеа вториот обид за атентат во својот живот.

На снимката се гледа 23-годишниот бизнисмен со својата жена како го напушта автомобилот и оди кон влезот на зградата. Тројца мажи почнаа да пукаат од блискиот автомобил. Жртвата се обиде да ги избегне криминалците. Тие го бркаа, но за среќа во тој момент наиде полициска патрола.

Откако полицајците ги слушнаа пукотниците, тие ги престанаа и ги уапсија напаѓачите.

Бизнисменот бил хоспитализиран со две рани од куршуми. Според прелиминарните податоци, сторителите пукале од автоматско оружје.