(Видео) Прва снежна бура во 10 години во Холандија, голем снег и во Германија


 

Холандија денеска ја зафати прва голема снежна бура во последните 10 години, која го наруши железничкиот и патниот сообраќај, а бурата продолжува да се движи кој останатите делови на северна Европа.

Железничкиот сообраќај е нарушен и во соседна Германија поради големи наноси од снег, а Британците во подрачјето на Северното Море се подготвуваат за доаѓање на бурата која е наречена „Дарси“.

Временските непогоди се толку лоши што холандските власти одлучија на неколку дена да ги затворат сите центри за тестирање од корона вирус.

Холандската метеоролошка агенција КНМИ за денеска објави црвено предупредување во целата држава, предупредувајќи дека ветровите ќе дуваат со брзина од 90 км/ч.

Интернет страницата која се занимава со прогнозирање на времето Weer.nl предупреди дека се работи за прва поголема снежна бура во подолг временски период. Имено, последната ја зафати Холандија во 2010 година.

Во поголемиот дел од земјата напаѓаа меѓу пети и 10 см снег, но во некои делови има и до 30 см.

Националниот железнички превозник ХС извести дека поаѓањето на сите возови во цела земја засега е во прекин.На возачите им се советува да ги избегнуваат патувањата, а аагенциите јавија за 85 заглавени автомобили поради наноси на патиштата.

Во следните 10 дена во цела земја се очекуваат температури под нула.

Во германија снегот го попречи сообраќајот на возовите во Северна Рајна Вестфалија, а од саботата има застој и 222 сообраќајни незгоди.

Во северните делови на германија се очекуваат и до 40 см снег.

Снег паѓаше и во белгија, но во помали количини, а се очекува голем пад на температурите.

Во Биранија властите издадоа предупредување за југоситочниот дел на Англија со најава за многу снег и отежнати услови на патиштата, железницата и воздушниот сообраќај.