(Видео) Прекин на струјата и железничкиот сообраќај по поплавите во Кина
Обилните дождови во централна Кина предизвикаа одрони, ја прекинаа електричната енергија и оштетија куќи.
Како што соопшти кинеската влада, не е забележан ни еден смртен случај во регионот каде минатиот месец во поплавите загинаа 300 луѓе.
Во саботата обилните дождови ги наведоа властите да ги затворат тунелите и некои мостови во Џенгџу, голем град во провинцијата Хенан во кој најмалку 292 загинаа во поплавите во јули, соопшти државната телевизија, пренесе Ројтерс.
Откажано е поаѓањето на 95 патнички возови во истиот град. Губитоците во земјоделството се проценуваат на 450 милиони јуани (околу 70 милиони долари). Околу 25 автопати се затворени во провинциите Хенан, Шенси и Сечуан на југозапад.
Градовите во провинцијата Хенан претрпеа големи штети во јули, додека повеќе од 300 луѓе насдтрадаа од невремето.