(Видео) Поплави на југот на Франција – блокирани автопати


Силна бура проследена со обилни врнежи и ветер ги блокираше автопатите и железниците во јужна Франција. Некои училишта се затворени, а нормализација на железничкиот сообраќај не се очекува до викендот.

Поплавениот автопат меѓу Ним и Монпелје е привремено затворен, а прекинат е и железничкиот сообраќај меѓу двата града.

За денеска се очекуваат дополнителни обилни врнежи, а издадено е предупредување од втор степен за 13 административни области.

Сите училишта во областа Гард кои беа најтешко погодени во вторникот ќе останат затворени и денеска.

Според надлежните служби, нема жртви од невремето. Еден човек е погоден од гром, а преживеал, додека покрив на едно училиште е урнат од надојдената вода.