(ВИДЕО) Ливерпул главна тема и во британскиот парламент: Меј треба да учи од Клоп како да успее во Европа
Екипата на Ливерпул вчера вечер успеа да направи огромен подвиг во полуфиналето од Лигата на шампионите совладувајќи ја Барселона со убедливи 4:0 со што целосно го надомести поразот од првиот натпревар на „Камп Ноу“ со 3:0. Успехот на Ливерпул е огромен, а за него се зборуваше дури и во британскиот Парламент.
Главните улоги ги имаа парламентарецот и лидер на опозицијата Џереми Корбин и премиерката на Велика Британија Тереза Меј.
Корбин во своето обраќање одлучи да го земе за пример успехот на Ливерпул на европска сцена и со тоа да ја испровоцира премиерката Меј.
„Можеби премиерката би можела да земе некој совет од Јирген Клоп на тема: како да се направи добар резултат во Европа“, изјави Корбин.
Но, ниту Тереза Меј не остана должна.
„Погледнете ја таа победа на Ливерпул над Барселона. Тоа покажува дека можеме да успееме, дури и кога сите велат дека е готово“, истакна британската премиерка.
Оваа исклучително интересна конверзација на крајот заврши со насмевка кај сите парламентарци, но интересно е секако дека го искористија успехот на Ливерпул за меѓусебно да се „пресметаат“.
Jeremy Corbyn: "Perhaps the PM could take some tips from Jurgen Klopp on how to get a good result in Europe?"
Theresa May: "Look at Liverpool's win over Barcelona, what it shows is when everyone says it's all over… we can still secure success"https://t.co/ruUUU4D1HE #PMQs pic.twitter.com/t9PDOrPYgo
— BBC Politics (@BBCPolitics) May 8, 2019