(Видео) Планетарен протест против расизмот и неправдата


Лондон, Париз, Сиднеј, Аделејд, Берлин, Чикаго, Филаделфија, Вашингтон…маршот против расизмот, а по повод убиството на Џорџ Флојд, стана планетарна борба.
Илјадници луѓе, и покрај мерките што бараат социјална дистанца и забраните во некои од градовите воопшто да се протестира,излегоа на улиците со порака дека „Црнечките животи вредат исто така“, „Тишината на белците е рамна на насилство“ и „нема правда, нема мир“. Подолу се импресивните сцени од протестите во овие градови по неколку месеци затвореност дома.