(Видео) Падна уште еден метеорит во Хрватска
Хрватскиот астрономски сојуз објави дека меѓу 13 и 14 август на небото над Риека се појавила огнена топка, видлива на повеќе од 500 километри оддалеченост.
Се наведува дека огнената топка ја снимиле камерите на Хрватската метеоролошка мрежа како и метеорските мрежи од Италија, Словенија, па дури и од Прага, пренесе „Нови лист“.
„Во моментот на најголем сјај огнената топка се наоѓаше над Риека и беше сјајна како Месечина. Својот светол лет огнената топка го започна во 04:05:18 часот по средноеврипско време на висина од 92,7 километри со влезна брзина од 13 километри во секунда за по повеќе од 8 секунди да заврши на висина од 23,2 километри. Со сметање на динамиката во задната точка на светлиот лет проценето е дека преостанале 150 грама метеорит кој паднал некаде на планините југоситочно од Риека на непрооден и опасен терен, па потрага по него нема да се организира“, велат астрономите.
Ова се случува втор пат оваа година.
„Ова е втор случај да биде забележан метеорит од страна на Хрватската метеорска мрежа оваа година. Се надеваме дека ќе забележиме и трет кој ќе биде со поповолен исход од претходните два“, вели координаторот на метеорската мрежа Дамир Шегон.