(Видео) Падна како покосен: Јокиќ со лакт го оттурна газдата на „Феникс“ и американски милијардер
Расположениот Никола Јокиќ одигра одлична партија постигнувајќи 53 поени, но тоа не беше доволно за неговиот тим „Денвер“ да победи против „Феникс“ (124:129) во НБА лигата.
Но, по средбата најмногу се зборува за конфликтот меѓу Јокиќ и сопственикот на „Феникс“ кој го извлече подебелиот крај. Се се случи во втората четвртина, кога српскиот кошаркар тргна по топката која заврши во публиката, каде што беше и американскиот милијардер Мата Ишибија.
Јокиќ почна да ја одзема топката, а сопственикот на „Феникс“ реагираше бурно. Во борбата за топката, српски кошаркар го удри со лакт, по што Ишибија падна како покосен. Поради ова Јокиќ заработи техничка грешка.
Со оваа победа кошаркарите на „Феникс“ израмнија на 2-2 против „Денвер“ во полуфиналната серија од НБА плеј-офот на Западот.
Погледнете како тоа се случи:
Jokic and the Suns owner. 😳
— Hoop Central (@TheHoopCentral) May 8, 2023