(Видео) Невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Во многу градови во Србија вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина на лешник. Во Белград, бурите започнаа околу 19.40 часот со силен дожд, ветар и град.
Силен дожд и град го погодија и Чачак по 19 часот. Град со големина на лешник паѓаше неколку минути, а дејствуваше и противградната заштита.
Невремето дојде и во Љиг, каде што исто паѓаше град.