(Видео) Нејзините снимки ги гледаат милиони и не трепкаат: Грнчарка хит на социјалните мрежи


Младaта грнчарка е хит на социјалните мрежи!

Девојка (21) од Австралија по име Силк Кастерлијас Кетрајт за кратко време стана многу популарна на социјалната мрежа „ТикТок“. Благодарение на нејзините снимки, таа веќе привлече повеќе од половина милион следбеници и „собра“ повеќе од шест милиони лајкови!

Таа вели дека како хоби прави производи од глина, но тоа не е важно бидејќи сме сигурни дека нејзините снимки ги гледа не само поради тоа што го работи, туку и затоа што е убава! Сепак, не треба да се занемари нејзиниот талент, но и нејзината способност да прави интересни видеа.

Инаку, оваа девојка сосема случајно почнала да прави предмети од глина, бидејќи за време на карантинот имала многу слободно време.

„Купив глина и почнав да правам некои работи рачно, а потоа се запишав на неколку курсеви за да научам како да користам грнчарско тркало“, вели таа.

Потоа купила тркало и направила студиo во својот дом, почнала да објавува снимки на „ТикТок“ за чиста забава, но за една година стана неверојатно популарно – некои од нејзините снимки имаат 11, 12 милиони прегледи.