(Видео) На италијанските Алпи падна снег, температурите под нулата


На италијанските Алпи во Јужен Тирол падна снег, а температурите се под нулата.

Објавена е снимка од превојот Стелвио, на надморска височина од 2.757 метри, снежната покривка се мери во десетици сантиметри.

Во последните лета се забележани помали количини на снежна покривка, а високите температури не ги заобиколија ниту највисоките региони. Научниците предупредуваат дека поради климатските промени, количината на снег ќе се намали до 50 проценти во наредните децении, што може да доведе до проблеми со водоснабдувањето во некои области и ризик од посериозни шумски пожари.