(Видео) Масовна евакуација поради можна ерупција на вулканот Таал на Филипините


 

Филипинските власти почнаа со масовна евакуација на илјадници луѓе, поради предупредување од можна ерупсија на вулкан кој исфрли километар висок столб чад и пареа.

Степенот на опасност од ерупција на вулканот Таал, кој се наоѓа на околу 70 километри јужно од центарот на манила, подигнат е на трет, од вкупно пет.

Еден од најмалку активните вулккнани, но смртоносен

таал е еден од најмалку активните вулкани на светот. Висок е само 311 метри, но може да биде смртоносен. Ерупцијата во 1911 година однесе повеќе од 1.300 човечки животи.

Во јануари лани, Таал исфрли пепел и пареа 15 км во воздух, присилувајќи 100.000 луѓе да ги напуштат своите домови и предизвика откажување на авионски летови, додека Манила, беше посипана со пепел.

Властите, во четвртокот, предупредија дека овогодишната ерупција може да биде поопасна од минатогодишната.